Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски
Објавено во: Економија 20 Март, 2023 12:55
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека нема од производителите на храна да се бараат назад буџетските пари дадени за субвенционирана електрична енергија на слободниот пазар за 80 евра по мегаватчас.
Владата по три месеци одлучи да ја прекине предвремено оваа мерка, затоа што се покажало дека 85 отсто од компаниите не поевтиниле, иако се очекувало тоа да биде барем 10 отсто. Ковачевски рече дека станувало збор за неформален џентлменски договор со стопанската комора и затоа нема да има казнување или барање на поврат на средствата.
- Во држава во која владее демократија, мерките се носат со договори со стопански комори или се носат врз основа на законски решенија кога се работи за ограничување на цени, или за ограничување на акцизи, даноци итн., вели Ковачевски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




