Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија
Објавено во: Македонија 21 Март, 2023 16:33
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека етничката припадност не е професија. Тој не се плаши дека дополнително ќе се зголеми бројот на министри Албанци во владиниот кабинет.
„За мене сите луѓе се исти и пред закон и пред критериум за оценување на нивната професионалност. За мене етничка припадност не е професија. Ние имаме исклучително квалитетни луѓе кои се Македонци, Албанци, Власи, Турци и сите кои живеат овде и сите тие го дале својот придонес за унапредувањето на државата од независноста до денес. Ние денес сме земја-членка на НАТО, почнавме преговори со ЕУ и она што е важно и треба да сме горди, држава која во минатото беше дел од преговори по разни преговарачки маси, во саботата бевме државата на која ѝ се даде довербата да ги организираме преговорите меѓу Србија и Косово“, рече Ковачевски.
Ковачевски не стравува дека од „европскиот фронт“ кој го најави претседателот на ДУИ Али Ахмети би можeло сите партии на Албанците да станат дел од владината коалиција, затоа што како што рече и тој и сите партии од владината коалиција се за зачленување на Македонија во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




