КОВИД - 19: Латинска Америка е ново жариште, но алармантно е и во Африка
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Јужна Америка е ново жариште на коронавирусот, а расте бројот на заразените во Африка.
Бразил е најпогодена, а пандемијата се прошири на повеќе од 100.000 луѓе во Африка. Досега на африканскиот континент се регистрирани 3.100 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус.
Девет африкански земји имаат раст од 50 проценти на бројот на инфицирани. Експертите на СЗО објаснуваат дека ниската стапка на смртност во Африка е поврзана со многу пониската просечна возраст на населението.
Пред 14 седмици беше регистриран првиот случај во Африка.
Бразил сега е пред Русија со 330.890 луѓе заразени со коронавирус и е на второто место во светот, веднаш зад САД. Во Бразил, вчера се регистрирани 1.001 починати од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи 21.048.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.