26 Јуни, 2024
0.0287

КРАДЕЛ МЕШАЛКИ ЗА БЕТОН, КОЛИЧКИ, АЛАТИ, НО И АРМАТУРА - Фатен на камера, млад скопјанец доби притвор

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Млад скопјанец доби притвор поради кражба на мешалка за бетон, приколки, градежни колички, алати и други предмети. Тој, иако има само 23 години, вече и бил познат на полицијата по слични дела. 

Како што објави Основното јавно обвинителство Скопје, веќе е поведена постапка против 23-годишениот скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

- Осомничениот, на приватен плац во населбата Радишани, насилно со обивање влегол во заклучен објект заграден со мрежа и одзел мешалка за бетон, приколки, градежни колички, алати, апарати и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 60.000 денари и предизвикувајќи дополнителна штета на имотот од околу 5.000 денари. Одземените предмети на 20 март ги продал на фирма за откуп на отпад.

На 9 април осомничениот извршил уште една тешка кражба токму во отпадот во кој ги продал одземените предмети. Влегол преку заштитната ограда и од кругот на отпадот одзел околу 200 килограми арматура во шипки со различна должина и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 денари. Потоа веднаш го напуштил местото, но кражбата била регистрирана од безбедносните камери поставени на објектот - соопштуваат од ОЈО.

Со оглед на тоа што се работи за лице кое и претходно неколку пати е осудувано за кражби и тешки кражби, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност од бегство и дека има потреба да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано