25 Април, 2024
0.0550

Крај со големо „К“

Објавено во: Стил 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Една од најкорисните работи во животот е да научите кога е време да ставите точка на нешто што ве измачува и ви ја цица енергијата. И тоа важи за се’, ама буквално за се’. Ставањето точка е по дифолт болно и малку поразително, но тоа важи само во првиот момент. Не секогаш точката е дамка за вашиот неуспех, туку напротив. Станува момент на освестување, момент кога сте во дослух со себе, своите желби и можности. Најголемото себезалажување е во моментот кога до точката ставате уште една, па уште една. 

И тоа оди во недоглед, додека не ви се смачи од себе, па дури оди и до презир кон себе. Едно е човек да има верба и да е упорен, да се труди и да дава шанса, а сосем друго е кога тоа ќе прерасне во мазохизам. Колку пати сте се нашле во животни ситуации кога вашиот праг на толеранција е згазен и пречекорен, а вие сте се закатанчиле дека ќе се обидете уште еднаш? Мене многу пати! И после некое време сум се прашувала зошто! Зошто Ано одиш против себе кога желудникот ти се превртува од одлуката да се погазиш себе за некој друг?

Целиот понеделнички муабет со Ана Бунтеска читајте го на Женски магазин, тука.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти