20 Декември, 2025
0.2578

КРАЈ ЗА ЈУЖЕН ТЕК: И Европа се врти кон други проекти!

Објавено во: Свет 09 Декември, 2014 20:45

Добивај вести на Viber

Министрите за енергетика на седумте земји-членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот за изградба на гасоводот Јужен тек денеска на состанокот во Брисел се согласиле да се свртат кон други алтернативни патишта за увоз на гас, каков што е Јужниот или Транс-атлантски коридор, кој ги поврзува Азербејџан и Италија. Ова практично може да значи дефинитивен крај за гасоводот Јужен тек, за кого Русија најави дека ги прекинува плановите за изградба. Ова е исходот од денешниот состанок на претставниците на Бугарија, Романија, Италија, Австрија, Словенија, Грција и Хрватска со потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетската унија Марош Шефчович. Унијата остана категорично на својот став - Јужен тек ќе може да се гради само ако во целост се усогласи со правилата на ЕУ. „Ги повикав министрите на разговор за овој гасовод многу пред рускиот претседател Владимир Путин да ја објави одлуката за прекин на изградбата“, вели Шефчович. Енергетскиот проект беше особено важен за земјите од Јужна Европа, кои со него добиваа алтернативен и посигурен коридор за увоз на природен гас.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја