Крајот на јануари ќе им донесе огромен успех на овие хороскопски знаци
Објавено во: Општо 17 Јануари, 2020 18:53
Овен
Планетите се на ваша страна и ќе ви дадат сила и незапирлива моќ да ги остварите зацртаните планови. Периодов значи дека знаете точно што сакате, и сето тоа ви носи голема мотивација и способност да направите нови планови и да започнете нови проекти. Дојдовте до точката на вашето лично преиспитување, што значи дека одредени нешта полека доаѓаат до крајот, а други се на самиот зачеток. Извлечете го максимумот од секоја ситуација.
Бик
Периодот ќе донесе повеќе суштествени прашања. Дали околината во која живеете придонесува за вашиот личен раст и развој? Дали сте среќни онаму каде што се наоѓате? Дали од местото на живеење можете да извлечете доволна емоционална потпора? И за вас, домот ќе биде совршеното засолниште. Можеби ќе размислувате за одреден домашен бизнис или пак ќе планирате некакви реновирања на делови од куќата или станот.
Близнаци
Вашиот знак секогаш е во тек со настаните, бидејќи имате вечна љубопитност за животот и секогаш сте во потрага по нови идеи.Периодов, планетите ви претскажуваат подобрена комуникација и вмрежување, како и дополнителна едукација. Како последица на тоа можно е да бидете позафатени од вообичаено, со состаноци, зачестени средби со потенцијални соработници.
Рак
Периодов најповолен за вашиот знак и оние кои планираат романтични настани, одмори или се инспирирани уметници. Оптималните услови за вашите планови постојат на самиот почеток на месецот и потоа повторно на самиот крај. Може да дојде до промена на условите во врските или дури и до преиспитување на личните вредности. Она што ви било ветено претходно, сега започнува полека да се остварува.
Лав
Луѓето родени во овој знак ќе имаат успешни подвизи на личен и љубовен план. Најудобно ќе ви биде во домот, каде што ќе можете да избегате од сите притисоци на општеството и работата. Затоа, размислете да додадете уметнички и имагинативни детали во просторот во кој живеете, со што ќе создадете покреативна атмосфера. На тој начин ќе успеете да бидете поопуштени и поспонатини, особено кога станува збор за врските.
Девица
Сите нешта имаат почеток и крај. Животот има постојани бранови и циклуси на креација и деструкција. За вас, ова е време за обнова. Запрашајте се што сакате да оставите зад себе и во кој дел од животот ви се потребни нови нешта. Универзумот ги поддржува вашите желби. Се соочува со скриените делови од животот, потсвесните мотиви и тајните желби. Внатрешното знаење е тоа што ќе ве одведе до духовно проширување и развој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





