Кралицата Елизабета и во тридимензионален формат
Објавено во: Стил
09 Декември, 2012 20:43
Добивај вести на Viber
Британската кралица Елизабета Втора ќе се обрати за прв пат до нацијата во3Д формат, објави денеска весникот Сан. Во новиот формат е снимено нејзиното традиционално обраќање за Божиќ.
„Тридимензионалната“ кралца сепак ќе можат да ја видат само сопствениците на 3Д-телевизори со специјални очила, наведува британскиот весник.
Осумдесет и шест годишната Елизабета Втора е првата кралска особа, која ќе се појави на телевизија во 3Д-формат. Телевизиските екипи се обидоа да добијат дозвола да ја снимаат свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со 3д-камери, но принцот не се согласил на тоа.
Како што пишува Сан, во пораката снимена во петокот, кралицата зборува за празнувањето на најзиниот дијамантски јубилеј (60 години на тронот), а исто така за Лондонската олимпијада. Кралицата не го споменала фактот дека нејзиниот внук, принц Вилијам и неговата сопруга очекуваат дете.
Првото божиќно обраќање, кралицата Елизабета го имала во 1952 година, кога е крунисана. До 1957 година нејзината порака до поданиците се пренесувала преку радио.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: