15 Мај, 2024
0.0302

Кралството Мароко го лансира сателитот Мохамед VI – Б

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска Кралството Мароко го лансира сателитот Мохамед VI-B, во Куру, Француска Гвајана. Станува збор за сателит за снимање на Земјината површина кој е развиен од конзорциумот Талес Алениа Спејс како главен носител на проектот, во соработка со Ербас. Овој сателит е дел од вселенската програма одобрена од Неговото Височество Кралот Мохамед VI а ќе биде однесен во орбитата со помош на вега ракета од вселенскиот центар во Гвајана.

Ова е вториот сателит од програмата Мохамед VI - А и Б (сателитот Мохамед VI – А беше лансиран од страна на Арианспејс на 7 ноември, 2017 година) со што ќе се заокружи проектот Мохамед VI.

Двата сателита, А и Б, ќе бидат комплементарни и ќе обезбедат подобра покриеност на земјишните површини. Сателитот Мохамед VI-Б ќе се користи за картографски и катастарски работи, просторно планирање, следење на земјоделските активности, превенција и управување со природни катастрофи, следење на промените и сушите во животната средина. 


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година