Кратка приказна: Што е богатство?
Објавено во: Стил 26 Мај, 2014 20:15
Еден многу богат човек, одлучил на неговиот син да му покаже што е сиромаштија и како би го ценел богатството кое го има. Го однел во некое сиромашно селско семејство со многу деца. Таму поминале два дена.
„И, ја виде ли сега разликата помеѓу богатството и сиромаштијата“ - го запрашал таткото синот кога се вратиле дома.
„Да. татко!“ - одговорило момчето.
„Јас сум единец, а тие деца имаат браќа и сестри.
Ние пред куќа имаме базен, а тие имаат река во која можат да пливаат и да ловат риба.
Ние имаме клима во куќата, а тие само ги отворат прозорите и им струи ладно од сенката на дабовите дрвја и река.
Ние за птиците гледаме на телевизија, а нив вистинските птици им слетуваат на прозорот.
Ние имаме пес, а тие стадо овци.
Да, татко, научив што е богатство. И жал ми е што и ние не сме толку богати.“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





