19 Мај, 2024
0.0301

КРАТОВЧАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Овде секоја минута на работното место е искористена

Објавено во: Економија 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Благодарение на одличното познавање на германскиот јазик и вложениот труд, младата Наташа Павлова од Кратово го живее својот сон во Германија. Работела на повеќе работни позиции и вели дека и во Германија не е така лесно како што изгледа, туку се бара совесно, ефикасно работење или како што раскажува на работното место буквално секоја минута е искористена.

Фактор: Како се случи да заминеш во Германија?

Уште како мала сакав да заминам некаде во странство, да останам таму да живеам и работам. Гермaнија беше земјата која премногу ме привлекуваше и тоа беше најголемата причина која ме наведе на тоа да се запишам на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, на Филолошкиот Факултет на насока германски јазик и книжевност.

Фактор: На кои работни позиции беше ангажирана во Германија и колкави се платите?

За првото доаѓање во Германија сум премногу благодарна на скопската агенција Контекст, посебно на директорката Александра Брестовац Божиновска. Тоа се случи во јуни 2011 година кога првпат како студент работев во Дизелдорф. Бидејќи тоа беше по завршувањето на втората година од студиите морав после три месеци да се вратам во Македонија. Во летото 2012 година заминав пак преку Контекст, но овојпат во Бон и така беше и летото 2013 година. Сите три лета, т.е. вкупни 9 месеци работев во McDonalds и заработував по 8.50 евра на час, а имав секогаш околу 180 работни часови. Бидејки имав бугарски документи, имав и дипломирано, но и работодавецот беше премногу задоволен од тоа како работам, ми понуди работен договор на една година, воедно и понатамошно усовршување, односно еден курс за унапредување од обичен работник во сметководител, а потоа и договор на неограничено работно време и унапредување во заменик менаџер.

Фактор: Колку познавањето на германскиот јазик ти помогна?

Јазикот ми беше од голема корист. Ако човек сака да остане засекогаш во McDonalds како обичен работник не е потребно големо познавање, ама бидејки јас сум таков тип кој сака да се усовршува, јазикот ми беше од големо значење. Но, за други потреби покrај работата јазикот е многу важен.

Фактор: Што германскиот работодавач бара од работникот?

Што се бара од работникот во Германија?  Да, од работникот во Германија се бара премногу. Работодавецот дава пари, но бара од работникот и способност, моќ за работа и самосвест. Секоја минута на работното место е искористена. Секогаш имаме нешто за работа. Се обрнува посебно внимание на хигиената.

Фактор: Кои ти се плановите за во иднина? Дали планираш да се вратиш во Македонија?

После три години работа во McDonalds пред еден месец решив да почнам со нешто ново, нешто поврзано со мојата диплома. Добив од Германската Академија понуда за работа како професор по германски јазик и се одлучив да стартувам таму. Јас обожавам да експериментирам, а и како што одат годините, мислам дека веќе не можам да го поднесам стресот во McDonalds. Работата во McDonalds беше навистина нешто кое што ме исполнуваше, но смените се толку лоши, кога човек е на повисока позиција. Сега на новото работно место сè оди во најдобар ред, како што реков, само еден месец го работам ова и се пронајдов таму. Во Македонија сега за сега не планирам да се вратам.

Фактор: Бидејќи си од Кратово, има ли во Кратово перспектива за младите според тебе?

Секаде има перспектива ако човек сака да работи. Некаде платите се помали, некаде поголеми, но работа има секаде. И во Германија нема перспектива за луѓе кои не сакаат да работат.  Бидејки јас сум родена во Кратово, за мене тоа мало градче ке остане незаменливо.  Не знам конкретно што да кажам бидејки си одам само еднаш годишно, а и кога одам никогаш не останувам повеќе од десет дена во Кратово, но секогаш е полна чаршијата и тоа ме радува.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа