18 Декември, 2025
0.0373

Креаторот на македонскиот даночен систем: Чудни решенија од младите советници

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2018 11:42

Добивај вести на Viber

Чудни решенија произлегуваат од главите на млади советници. Ова особено за оданочувањето со даночна стапка од 15 проценти на капитални добивки, на приходите од имот, на закупнините. Тоа се примитивни решенија, вели за Фактор, универзитетскиот професор д-р Живко Атанасовски, креатор на македонскиот даночен систем. Вели дека даночењето со вакви стапки на приходите од капитал постои во некои некои земји кои претходно го препишувале даночниот систем од нас или само во „банани“ држави. Атанасовски смета дека со прогресијата, нема да се постигне правичност во распределбата на доходот како што тврдат од Владата.

Неговиот став ви го пренесуваме во целост.

Мора да се прифати дека Владата преку својата партија им понудила на избирачите, односно на граѓаните алтернатива на постојното даночно решение во дел на оданочување на доход, па наместо пропорционалното какво што имавме досега, воведува прогресивно даночење. Тоа не е нешто невообичаено и неприфатливо. Има и други земји кои го применуваат. Тие се тие кои прво се залетале во пропорционален систем па се вратиле на прогресивниот. Законодавецот има и право да одлучи каква прогресија ќе воведе, дали со две стапки или остра прогресија.

Мене тоа не ми неприфатливо и од аспект на ефектите од мерката - било фискалните ефекти, било ефектите врз стопанството бидејќи бизнис секторот сега негодува. Мора да се знае дека ова нема да предизвика лоши уште помалку катастрофални последици. Ние сме имале прогресија постра и добро функционирал данокот и даночниот систем.

Сепак тука има некои смешни и чудни решенија и се поставува прашањето дали со мерката ќе се постигне правичноста?

„Со оваа мерка нема да се постигне подобрување на правичноста и нема да се корегира социјалната положба на даночните обврзници. Владата очигледно калкулира па првично прагот беше 60.000 денари, а сега е 90.000 денари. Двоумење не ни треба. Од друга страна со самото тоа што кажуваат дека ќе погоди само еден отсто до населението се признава дека не е сеопфатно, уште полошо е што Владата се правда за тоа. Јас би одел на сигурно и комплетно решение и не би се правдал.

Но веќе реков, чудни репшенија произлегуваат од главите на млади советници. Ова го мислам најмногу за оданочување на 15 отсто на капитални добивки, приходи од имот. Тоа се примитивни решенија. Ги има во некои земји, но не сме требале да се огледаме на нив. Тие учеле од нас за даночен систем, а сега ние ќе земеме пример од Албанија за капитални добивки на пример. Ова е штетно решение.

Не може Владата да диктира каде даночните обврзници ќе инвестираат, дали во капитал дали во имот и од каде ќе вадат приходи. Тоа е неприфатливо, затоа што кај нас даночниот систем е одличен и е поставен на неутрална основа да не влијае на одлуките. Со ова решение исти приходи по висина ќе се оданочуваат со различни стапки само затоа што се од различни извори. Едни со 10 отсто, а другите само затоа што се од капитал или имот ќе се оданочуваат со 15 отсто. Вакви решенија има во банани држави.

Ова ќе предизвика досторзии и пореметувања во однесувањето на даночните обврзници. Дали ќе се гзолеми евазијата или друго тоа ќе зависи од мерките кои ќе ги превземат даночните обврзници, вели Атанасовски.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје