Кремљ: Путин е подготвен да се сретне со Трамп
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2025 13:14
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето на новинарите во Москва дали Русија поставува некакви услови за таква средба, Песков рече дека „единствениот услов е взаемен интерес за средбата“.
„За ова не се потребни никакви услови. Потребна е взаемна желба и политичка волја за да се води дијалог и да се решат постоечките прашања преку дијалог“, рече Песков.
Тој посочи дека Москва ја поздравува намерата на новоизбраниот американски претседател проблемите да ги решава преку дијалог.
Песков рече и дека претставниците на Трамп се уште не се обратиле до руската страна, но дека може да следат контакти по неговата инаугурација.
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




