Крени рачна!
Објавено во: Стил 20 Мај, 2019 09:21
Како искусен возач од над 20 и кусур години, до совршенство го имам доведено тргањето на угорница под рачна. Прифаќам секаков предизвик, без око да ми трепне. Уште првиот момент кога седнав во автомобил се чувствував како дома „welcome home Ana“. Дури и инструкторот ми даде „комплимент“ дека возам како маж (што и да значеше тоа). Возењето ми е задоволство и не ретко знам кога сум нервозна или под стрес да седнам во кола и да се возам бесцелно, со музика која трешти. Рачната ја користам по потреба (секако) и барем до денес немам потфрлено. Уште да научев да кренам рачна кога не сум во автомобил и ќе можев да се пофалам дека навистина мудроста доаѓа со годините!
Изминативе 10 дена имав распад на системот. Јас сум од оние луѓе кои кога умот им забегува, не седнуваат да одмараат, да готват, да плетат или да чистат. Да беше така, ќе имав спремено оброци за да ја нахранам војската или сите ќе добиевте на подарок барем по еден шал и капа за во зима, а ќе подзачистев и кај комшиите. Не! Кај мене тоа не оди така. Бегство од умот и од она што ме притиска и мачи ми била работата и пишувањето. И нормално, како некој кој се’ што прави во животот прави без усул, така периодов сосем се заборавив себе и (како што би рекла баба ми покојна), запнав ко вол во купус. Си зададов задачи и рокови кои беа во најмала рака сулуди. Освен работата што ми е професионална обврска и оние убавите обврски околу ќерка ми и родителите, паметната Ана (овде има барем 3 кила сарказам) си зададе задача да спреми 2 книги за деца со најдобриот издавач за детска литература Просветно Дело, редовните колумни во мојот и вашиот Женски Магазин и башка да почнам да ја спремам новата книга поезија (ако така може да се нарече).
Целата колумна на Ана Бунтеска , читајте ја на Женски магазин овде.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





