20 Декември, 2025
0.0438

Крим потона во мрак – Украина не дава струја

Објавено во: Свет 24 Декември, 2014 19:12

Добивај вести на Viber

На територијата на полуостровот Крим завладеа хаос откако Украина ја прекина дистрибуцијата на струја што предизвика колапс во сообраќајот, затворање на болниците како и паника меѓу граѓаните. Железничките станици, деловните објекти и аеродромот биле затворени, семафорите угасени, а ваквата ситуација допринела за колапс во главниот град Симферопол. Министерот за енергетика на Крим, Сергеј Јегоров, изјавил дека Украина околу 11 часот ја запрела дистрибуцијата на струја по што настанл колапс бидејќи Крим од таму обезбедува 80 отсто од електричната енергија. Бидејќи прекинот на дистрибуцијата бил ненајавен, локаните власти не биле во можност да ги активираат своите станици кои работат на гас, рекол Јегоров. Министерот за енергетика на Украина, Володимир Демчишин, потврдил дека Киев прекинал со дистрибуција на електрична енергија на Крим, со образложување дека потрошувачката во регионот го надминала лимитот кој бил наведен во договорот, во моменти кога Украина сама се соочува со рационализација на потрошувачката на електрична енергија. Прекинот на дистрибуција на електрична енергија траел три часа по што повторно бил обновен дотокот. Демчишин, исто така, нагласил дека Украина прави поголеми резерви на електрична енергија, бидејќи Русија ја запрела испораката на јаглен и додал дека во тек се разговори меѓу него и неговиот руски колега во врска со увозот на јаглен и електрична енергија. Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук,  изјавил дека енергетскиот пазар во Украина последните неколку месеци е во „вонредна ситуација“ и дека неопходно било прибегнување кон рестрикции во обезбедувањето на електрична енергија, вклучувајќи ја тука и територијата под руска контрола. „Доколку нема светилки во Украина тогаш ни територијата која во моментов е под руска контрола нема да има струја“, истакнал Јацењук на денешниот состанок на влада.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја