05 Декември, 2025
0.1053

Кристијано Роналдо - шампион со менталитет на 12-годишен

Објавено во: Спорт 13 Октомври, 2016 20:21

Добивај вести на Viber

Кристијано Роналдо има непоколеблива верба во себе и тоа е во основата на неговата извонредна кариера. Тоа го изјави неговиот поранешен соиграч во Манчестер Јунајтед, Мадс Тим.

- Тој е целосен егоист и тоа му помага на теренот, вели Тим во својата автобиографија наречен „Црвен ѓавол“.

Мадс Тим беше фудбалер на Јунајтед во текот на 6 години (2000-2006 година), но одигра само еден натпревар за првиот тим против Макаби Хаифа во Лигата на шампионите, а потоа помина периоди на изнајмување во Викинг, Лин и Волсол, пред да го напушти тимот.

Данецот можеби и не оствари извонредна кариера на „Олд Трафорд“, но долго време бил во иста соблекувална со Роналдо и добро го познава неговиот карактер, пишуваат таблоидите во Англија.

- Тој е целосно рамнодушен кон тимската игра. Кај него сѐ е „јас, јас, јас“. Дури и денес, по толку многу успеси и голови, тој сѐ уште се лути кога негов соиграч ќе постигне гол наместо него. Психата му е како на 12- годишен. Но тој не се грижи што мислат луѓето за него, вели уште 31-годишниот Тим, кој сега е играч-тренер на данскиот Кертеминде.

- Кристијано Роналдо беше тотално различен од мене. Јас ја мразев атмосферата во Манчестер, а на него ништо не му влијаеше. Тој беше толку фокусиран на себе и тоа му помагаше на теренот, вели уште Тим.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: