Кривичен суд: Притворите на Јанакиески се оправдани, жалбата била долга
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2023 13:52
Основниот кривичен суд Скопје поладнево реагира на известувањето на застапникот на Миле Јанакиески, Влатко Илиевски, дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил дека определените притвори за поранешниот министер за транспорт и врски за случаите „27 април“ и „Шпански скали“ биле неосновани.
Од таму тврдат дека никаде Стразбур не рекол дека притворите се неосновани, туку дека Европскиот суд за човекови права реагирал за должината на жалбата на Јанакиески по ваквите опредлеени мерки за обезбедување.
„Во однос на одредени медиумски известувања и коментари за одлуката на
Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле
Јанакиевски против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано
определен“ апелираме до медиумите, но и правните критичари дека е
потребно прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми.
Според пресудата - притворот за Миле Јанакиевски е оправдан, а
критикувана е должината на жалбената постапка.
Имено:
Пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е
точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе
во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира
јавноста.
Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки
притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека
притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на
обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен:
Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил
поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која
„нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој
поглед била произволна или очигледно неразумна“
Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно
известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП бидејќи во
спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на
судот“, реагираат од Кривичен суд.
Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




