15 Декември, 2025
0.3208

KРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО ЗАПАЛИ СТАНОТ ВО ХРОМ: Сакал да го прикрие убиството на 35-годишниот човек кој го убил во станот што изгоре

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2023 07:36

Добивај вести на Viber

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за "убиство" и "тешки дела против општата сигурност", на кој им е одреден и притвор.

Во соопштението наведуваат дека од страна на СВР Скопје - Единица за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа "Убиство" по чл.123 и "Тешки дела против општата сигурност" по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело "Тешки дела против општата сигурност" по чл.292 в.в чл 288, а во в.в чл.22 од Кривичниот законик.

-Имено, на 22.09.2023 во временскиот период од 06.40 часот до 09.30 часот, по пријавен пожар во стан на ул."Исаија Мажовски" во Скопје, И.Ј.(35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело. Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и на 29.09.2023 бил извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан Централен распис за потрага, а лишена од слобода е И.Ц.. Од страна на Судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена, наведува МВР.


Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите