19 Мај, 2024
0.0283

КРИЗА Е, НО БРОЈКАТА НА НЕВРАБОТЕНИ ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА - за половина година 10.000 помалку, КАДЕ СЕ ВРАБОТИЈА ИЛИ ОТИДОА

Објавено во: Економија 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

И покрај економската криза, во земјава невработеноста продолжува да се намалува.

Најновиот подток за јуни на Агенцијата за вработување говори дека на крајот на шестиот месец од годинава бројот на невработени се намалил на 117.801 невработен, што во однос на претходниот месец мај, е ново намалување за 2.373 невработени лица.

Ова е многу солидно месечно намалување на бројката на невработени, откако поволни бројки имаме и во претходните месеци.

Тој тренд на намалување на невработеноста во земјава почна уште во март минатата година, откако во февруари го достигна пикот и се искачи на над 159 илјади невработени лица.

Причина за високата невработеност беа големиот број отпуштања предизвикани од ригорозните ковид рестрикции, пред се во угостителскиот сектор, што доведе до тоа сопствениците во услужните дејности да немаат исплатливост да ги држат сите вработени. Точно е и дека Владата донесе серија мерки со кои го поддржуваше финансиски бизнис секторот и работните места, што помогнаа бројот на отпуштања да се намали, па Владата оперираше со бројка од околу 16 илјади изгубени работни места кои биле предизвикани од ковид кризата.

Но, по намалувањето или укинувањето на рестрикциите, бројките на вработени почнуваа да одат надолу, па така, ако во февруари лани имало 159.608 невработени, секој нареден месец невработеноста паѓаше, достигнувајќи ја на крајот на минатата година бројката од околу 131 неврботени.

Поволниот тренд на пад на невработеноста продолжи и во оваа година, односно таа за цела 2022 година се намалува, и покрај големата енергетска криза која ги зголеми значајно трошоците на компаниите и ја наруши економската активност.

Па така, ако на крајот на јануари сме имале 127.723 невработени, пет месеци подоцна, односно на крајот на јуни, нивниот бој изнесува 117.801 невработени, што е намалување на бројката на невработени за близу 10.000 лица, или прецизно за 9.922 невработени граѓани на државава.

Сепак, оваа бројка на невработени се уште е повисока од најмалиот број кој беше регистриран во 2018 година, кога во текот на неколку месеци бројот на невработени беше под 100 илјади, или најнизок во октомври 2018 година, кога во земјава имаше само 91.485 невработени лица. Но, потоа бројот порасна, иако долг период се држеше релативно ниско, а со ковд кризата се искачи до близу 160 илјади денари.

Колку и на најновите падови на неваботеноста се гледа позитивно, тие имаат и своја не толку популарна страна. Имено, првата работа е што дел од ова е последица и на заминувањето на нашата млада работна сила во странство, тренд кој не прекинува, особено откако во Европа се бара работник повеќе, а втората е што бизнисот немањето на работници го предочува како еден од се посериозните проблеми во последниве години.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?