19 Декември, 2025
0.1379

Криза ли е? Македонците лани  „зашпарале“ 160 милиони евра во трите најголеми банки!

Објавено во: Економија 02 Март, 2016 08:45

Добивај вести на Viber

Депозитите на фирмите и на граѓаните во трите најголеми банки во 2015 година пораснале за 160 милиони евра во споредба со нивото од 2014 година, а граѓаните и фирмите во трите најголеми банки чуваат 3,36 милијарди евра Звучи неверојатно но е вистинито! Во годината на најголем пад на каматните стапки депозитите на граѓаните и на фирмите во трите најголеми деловни банки во земјава лани пораснале за 9,85 милијарди денари односно 160 милиони евра повеќе во однос на 2014 година, покажува аритметиката на „Фактор.мк“ на официјалните податоци што ги објавија „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и „НЛБ Тутунска банка“ деновиве на интернет страницата на Македонската берза. Вкупно во трите банки граѓаните и фирмите на крајот на 2015 година имале фантастични 207,6 милијарди денари односно 3,36 милијарди евра. „НЛБ Тутунска банка“ и има најголем скок на депозитната база во апсолутен износ. На крајот на 2015 година депозитите во таа банка се на ниво од 56,7 милијарди денари (речиси 919 милиони евра) и се повисоки за 4,75 милијарди денари околу 75 милиони евра) во однос на 2014 година. Тоа е безмалку половина од целиот раст на депозитната база на сите три банки што значи дека „НЛБ Тутунска банка“ убедливо ја победила својата конкуренција во минатата година. Депозитите во „Комерцијална банка“ во овој период пораснале за 3,9 милијарди денари (околу 65 милиони евра). На третото место со големо заостанување зад овие две банки е „Стопанска банка Скопје“ со раст на депозитите од 1,2 милијарди денари што е 20 милиони евра и е одвај над 10 отсто од целиот раст. Во категоријата најголема депозитна база убедливо води „Комерцијална банка“ која веројатно граѓаните уште ја доживуваат како најголема домашна банка. Депозитите на граѓаните таму се на ниво од 83,8 милијарди денари на крајот на 2015 година. Лани „НЛБ Тутунска банка“ успеа со голем чекор да се приближи до „Стопанска банка Скопје“ и нејзината депозитна база со инјекцијата од 4,75 милијарди денари достигна ниво од 56,7 милијарди денари. „Стопанска банка Скопје“ го држи второто место и чува 67,1 милијарди денари на граѓаните и на фирмите. Иако уште нема официјално достапни податоци во најголема мерка депозитите во банките се во сопственост на македонските граѓани, а во помала мерка се на домашните фирми. Доколку сакате да ја видите состојбата на заштедите на граѓаните можете да се потсетите со анализата на „Фактор“ што може да ја најдете на следниот линк: http://faktor.mk/2015/10/16/vo-trite-najgolemi-banki-za-110-milioni-evra-porasnale-zashtedite-na-graganite/

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба