16 Мај, 2024
0.0309

КРИЗА МЕЃУ ШПАНИЈА И КАТАЛОНИЈА: Ќе го искористи ли Мадрид српскиот пример?

Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Експертот по европско право, Жан-Клод Пирис смета дека ниту една членка на ЕУ нема да ја признае независноста на Каталонија, затоа што со оранизирањето на референдумот властите во Барселона „го прекршиле правото и Уставот на Шпанија“.

Пирис додава дека во прашање се доведува и легитимноста на самиот референдум за независност, затоа што на сите жители на Каталонија не им беше овзможено правото да се изјаснат, поради затворањето на голем број гласачки места од  националната полиција. Легитимноста на самиот референдум е дискутабилна и затоа што излезноста на изјаснувањето беше помалку од  50 проценти, што се смета за норма за успешност на еден плебисцит.

Доколку, сепак, властите во Барселона прогласат независност на регионот, можни се пет сценарија за идниот развој на настаните.

Според првото сценарио, доколку властите во Барселона прогласат независност, шпанскиот премиер Маријано Рахој, согласно уставните надлежности може да го суспендира автономниот статус на Каталонија и да воведе дирекна управа над регионот.

Членот 155 од Уставот на Шпанија предвидува дека доколу властите на некој од шпанските региони ги прекршат своите уставни надлежности или „дејствуваат на начин што сериозно ги загрозуваат општите интереси на Шпанија“, Владата во Мадрид може да ги преземе „потребните мерки за да ги заштити општите интереси“.

Одобрение за примена на одредбите од овој член од Уставот од страна на Владата, дава Сенатот на Шпанија, во кој во моментов Кабинетот на Рахој има мнозинство.

Со суспензијата на автономијата на Каталонија, Владата во Мадрид практично би ја поништила одлука за независност.

Втората опција, би била преговори меѓу Мадрид и Барселона. По референдумот зачестија и повиците за дијалог меѓу Барселона и Мадрид за надминување на кризата, а Швајцарија дури и се понуди да биде посредник. Каталонските лидери го прифати повикот за дијалог, но Мадрид одбива преговори се додека Барселона не се откаже од идејата за независност.

Со одлуката да прифати дијалог или посредништво, според некои аналитичари, Пуџдемон само сака да си „купи време“ за да се подготват законодавните чекори за воспоставувањето на новата држава, за што би биле потребни месеци.

Третото сценарио би било шпанската национална полиција, чија мисија во Каталонија е продолжена до 18 октомври, да го уапси Пуџдемон и другите сепаратиситчки лидери, доколку Барселона прогласи независност.

Ако тоа се случи сигурно би имало протести на приврзаниците на независноста на Каталонија, што би предизвикало нови немири и судири во регионот. 

Четвртата опција, би била Пуџдемон да се откаже од идејата за независност и да прифати компромис за останување на Каталонија во рамките на Шпанија.

Во таков случај, би била доведена во прашање политичката иднина на Пуџдемон, бидејќи сепаратистите тоа би го сметале како „игнорирање на желбата на Каталонците“.

Ова, веројатно не би ја решило кризата, а не би се зајакнало ниту позицијата на Рахој.

Петото сценарио, би било Рахој да распише нов референдум, кој со самото тоа би бил законски и во согласност со шпанскиот Устав. Во таков случај резултатот од тој референдум би се сметал за легитимен и би се отворила можност за меѓународно признавање на евентуално новата независна држава Каталонија, доколку мнозинството Каталонци на изјаснувањето ја поддржат идејата за отцепување од Шпанија.

Магазинот „Форин Аферс“ во анализа на постреферендумските случување во Шпанија, оценува дека од сите можни опции за решавање на кризата, шпанската Влада по се изгледа го избрала „српскиот начин“.

Американското списание смета дека Мадрид најверојатно ќе се реши за активирање на членот 155 од Уставот и за укинување на автономијата на Каталонија, слично како што постапи Белград во 1990 година со укинување на автономијата на Косово.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра