КРИЗАТА ГИ БРКА ИНВЕСТИТОРИТЕ: Странските инвестиции во јануари со негативно салдо
Објавено во: Економија 03 Април, 2017
Негативно салдо бележи Народната банка кај странските инвестиции во јануари.
За 35,59 милиони евра се намалени странските вложувања во земјава или прв пат од 2011 година се случува инвеститорите да повлечат толку пари.
Последните податоци на НБРМ покажаа дека странските инвеститори масовно повлекуваат пари од земјава а однеле 78,2 милиони евра од Македонија во своите странски компании. Влогот кој го инвестирале тие бил 44,6 милиони евра.
Лани најмногу прилив во инвестиции од Германија, а најмногу одлив на Бермудите
Таа внела 39,8 милиони евра во Македонија, додека вкупната сума на инвестиции влезени се 358 милиони евра.
Холандија пак се запиша на листата како втор најголем инвеститор во Макеоднија кој лани вложил 27,9 милиони евра. Зад неа е Турција, Обединетото Кралство, Луксембур, Италија и Бугарија. Најмалку пари влегле од Австрија или 12,5 милиони евра.
Што се однесува до одливот, најмногу пари од Македонија отишле на Бермудите-67,3 милиони евра.
1,1 милион евра од Македонија пак завршиле во Сент Винсент и Гренадини .
Економистите загрижени
Дел од економската јавност е загрижена поради одливот на странски инвестиции во месец јануари, случај кој досега се нема случено, барем не во тој месец.
Најчесто одлеаните пари бележеле негативно салдо во април, мај или јуни кога инвеститорите понекогаш ги репатрираат профитите ама не во јануари.