КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите
Објавено во: Економија 22 Април, 2024 12:44
Американскиот гигант Nike има намера да го отпушти секој 50-ти вработен како дел од мерките за намалување на трошоците! Компанијата во петокот ги извести државните власти дека планира да отпушти 740 вработени во своето седиште во Орегон веќе во јуни.
– Од 28 јуни компанијата трајно ќе ја намали работната сила во своето светско седиште – напиша во известувањето потпретседателот на еден од најголемите светски производители на спортска опрема, Микеле Адамс.
Џон Донахо, извршниот директор на компанијата, пред два месеци објави дека планира да ја намали работната сила за околу 2 отсто, или за повеќе од 1.600 вработени, пишува US Today.
Компанијата имаше околу 83.700 вработени на 31 мај 2023 година.
- Најк е секогаш најдобар кога напаѓа! Акциите што ги преземаме нè ставија во позиција да ја прилагодиме организацијата за да добиеме најголеми можности за раст бидејќи интересот за спортот и здравјето никогаш не бил поголем - изјавија од компанијата и потврдија дека промените ќе влијаат на приближно 2 проценти од вкупната работна сила.
Отпуштањата се дел од мерките за намалување на трошоците
Отпуштањата се дел од тригодишниот план за кратење на трошоците од 2 милијарди долари, кој Nike го објави во декември.
Компанијата има за цел да ги намали трошоците бидејќи предвидува „низок едноцифрен“ пад на приходите во текот на првата половина од новата фискална година, која започнува на 1 јуни.
- Нашето портфолио на производи го имплементираме низ преодниот период - рече главниот финансиски директор на компанијата.
Акциите на компанијата минатата недела пораснаа за речиси 2 отсто, меѓутоа, од почетокот на годината паднаа за повеќе од 11 отсто, а во последните 12 месеци за повеќе од 23 отсто.
Извор: Курир.рс, US Today
Фото: ЕПА
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




