20 Април, 2024
0.0241

Кризата го стопи апетитот за чоколадо

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Осумнаесет швајцарски производители на чоколада, вклучително и брендови како Lindt, Frey and Faverger, имаат продадено за околу 4.000 тони помалку чоколада отколку во 2011 година. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, швајцарските производители на чоколада минатата година го почувствува влијанието на силниот франк кој го истопи апетитот на потрошувачите за нивните производи. "Преценетата вредност на франкот влијаеше на тоа швајцарските производи од чоколада да бидат далеку поскапи во странство, а увозните чоколади поевтини", пренесуваат швајцарските медиуми, соопштението од Здружение на производители на чоколада во Швајцарија. Според здружението, повеќе од 60% од швајцарската чоколада се извезува, а продажбата во странство особено била под удар. Најголем пазар за швајцарското чоколадо е Германија каде оди 18,3% од извозот, потоа Велика Британија со 13,8% и Франција со 9,2%. Вкупната продажба на производителите на чоколада во 2012 година паднала за 2,2%, на 172.376 тони, додека нивната заработка се намалила за 3,4%, на 1,3 милијарди евра  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган