19 Декември, 2025
0.0506

Кризата го зафаќа дури и скандинавскиот рај!

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2014 13:16

Добивај вести на Viber

Идеалот кон кој тежнее секоја земја - да има социјална држава и конкурентна економија во исто време, успешно го живеат само четири нордиски земји: Данска, Финска, Норвешка и Шведска. Според сите истражувања, тоа се земји во кои е најдобро да се биде роден и да се живее. Меѓутоа, светската криза остава трага и во овој дел од светот, а политичарите и бизнисмените од скандинавските земји се повеќе се загрижени од прашањето дали нивниот модел на функционирање воопшто е одржлив. Во серијата интервјуа за Фајненшел Тајмс, тие укажуваат на се што ги мачи: голема имиграција во овие земји, стагнација на продуктивноста, раст на нееднаквоста и слаб економски раст, особено во Финска и Данска. Ларс Локе Расмусен, лидер на главната данска опозициска партија, вели дека кризата ги отвора очите за слабостите на моделот по кој функционираат овие земји и наметнува потреба од поголем фокус врз конкурентноста. Кога би станувало збор за компании, Лар Фаесте, главен директор на Бостон Консалтинг Груп за Скандинавија, смета дека на целиот систем би му била потребна трансформација, а во случајот на Данска и Финска - целосен пресврт во работата. Според политичките расправи во овие земји, голем проблем претставува пазарот на трудот, растечката стапка на невработеност и притисокот што врз социјалната држава го создава стареењето на популацијата. Се нудат различни решенија, како што се намалување на државната потрошувачка и бенефициите, како и поттикнување на луѓето да работат и да не се потпираат на социјалниот систем. Податоците зборуваат дека во изминатата деценија растот на продуктивноста во овие земји изнесувал само 1%, додека во 80-тите години тој процент бил меѓу два и три отсто, па се наметнува прашањето и за одржливоста на високите плати. Карл-Петер Торвалдсон, претседател на шведскиот синдикален конгрес, смета дека нордиските економии во минатото биле конкурентни токму заради високите плати, бидејќи ги принудуваат компаниите побрзо да се менуваат и да бидат попродуктивни. Ограничувањето на растот на платите, смета тој, ќе ги спречи луѓето да се откажуваат од големите бенефиции. Падот на продуктивноста до некаде се припишува на поместувањето на структурата на економијата од производство на услуги. На крајот, и политичарите од власта и оние од опозицијата се согласуваат дека решението е во тоа повеќе луѓе да се мотивираат да работат. „Она што ни треба се повеќе работни часови во економијата. Ни треба продуктивност која во основа ќе ни овозможи социјална држава“, вели шведскиот прмеиер Стефан Лофвен. Ова вклучува зголемување на возраста за заминување во пензија, вработување на студентите и зголемување на вработеноста меѓу жените и имигрантите. Интегрирањето на имигрантите е посебен предизвик, а се проценува дека оваа и наредната година нив ќе ги има околу 100.000. За да поевтини моделот кој е оптоварен од голем број жители кои не се активни на пазарот на труд, некои од скандинавските земји се решаваат и за подрастична реформа на социјалниот систем. Одредени јавни услуги, како противпожарните и итните медицински служби во Данска или училиштата во Шведска веќе ги водат приватни компании. Сепак, властите се свесни дека социјалната држава не може да се тера како бизнис.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја