20 Декември, 2025
0.0411

Кризата во Кипар ги уништува шпанските банки

Објавено во: Свет 07 Април, 2013 10:39

Добивај вести на Viber

Тоа што последната година се случуваше во шпанскиот банкарски систем беше вистински напад врз банките и инвеститорите. Прво Италија, а потоа и Кипар го изместија фокусот на пазарите во Мадрид. Кипарската криза сепак повторно ја враќа на дневен ред темата за тоа колку колку кревка може да биде шпанската економија, а истовремено го „јаде" и времето за реакција на банкарскиот сектор. Плановите за спас на Кипар потресоа целата еврозона, тензиите повторно ги поскапеа кредитите. „Ова може да има сериозни последици за Шпанија", коментира аналитичарот на „USB“, Стефан Дио за  „CNBC“ и додава дека шпанските банки тешко ќе успеат да ги рефинансираат своите долговите, откако инвеститорите поставија висока цена на ризикот. Кредитирањето за бизнис ќе биде погодено, предупредува Дио, а посочува и дека е можно владата да биде приморана дополнително да ги намали трошоците што повторно ќе удри по грбот на граѓаните. Затоа, препорачува Дио, неопходно е Европската централна банка да анализира ситуацијата. „Кога правите фискални прилагодувања додека во исто време имате кредитен колапс, економијата ќе биде тешко засегната, а ефектот од фискалните ограничувања нема да биде оној посакуваниот“, додава аналитичарот. Во четвртокот претседателот на ЕЦБ Марио Драги веќе објави дека банката нема да го компензира недостатокот на капитал во европскиот банкарски систем. Тоа веднаш предизвика пад на акциите на банките.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја