Крмов ќе ја плати штетата по инцидентот во Собранието
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2023 10:15
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во емисијата „Тешки муабети“ синоќа рече дека ќе ја плати штетата што ја направи во вчерашниот инцидент во Собранието.
Крмов гоп искрши микрофонот и мониторот на компјутерот на претседателот на Собранието додека се носеше новиот собраниски Деловник. Левица смета дека со новите зимени, опозицијата во Собранието нема да може да блокира закони со амандмани, односно да се служи со т.н. филибастеринг.
Конкретно, пратеникот на Левица, Борислав Крмов го нападна заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски. Од говорницата, откако се обиде да ги образложи амандманите на Деловникот, Крмов, видно изнервиран почна да ги фрла хартиите од аманадманите кон Мисовски.
-Видов дека претседателот Џафери изјавил дека ќе ми ја пратат сметката. Слободно, тоа е најмалиот проблем, ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот е неповратна, рече Крмов во емисијата.
Според него, Собранието со овој Деловник на еден начин се самоукина, затоа што според него, повеќе нема да постои опозиција која ќе може да временски неограничено да ги блокира лошите закони.
-Собранието сега е само еден обичен извршител на Владата и следната Влада. Веќе нема да има Собрание. Додека ова се случуваше кај нас, еве во Албанија сега го запалија Собранието, тоа е Собрание, да има и немили сцени, ќе го запалат, ќе се степаат. Курти фрлаше димни бомби – тоа е Собрание, таму треба да има судир на идеи. Сега Собранието сега ефективно е Влада, рече пратеникот.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




