Кроација осигурување носи сигурност поблиску до вас: две нови филијали во Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2025 17:03
Компанијата Кроација осигурување со гордост најавува отворање на две нови филијали во главниот град. Новите локации се наоѓаат во двете најдинамични и растечки населби во Скопје – Карпош и Аеродром.
Отворањето на новите филијали е дел од стратегијата на компанијата за проширување на присуството и за обезбедување лесен пристап до услугите за осигурување за сите граѓани. Во новите канцеларии, клиентите ќе можат да добијат комплетни информации и консултации за широк спектар на производи за осигурување, вклучувајќи осигурување на дом, возилo, осигурување од незгода, одговорност, здравствено осигурување и патничко осигурување.
Со ова проширување на продажната мрежа, Кроација осигурување продолжува да обезбедува сигурност и безбедност за клиентите. Новиот тим во филијалите е подготвен да им понуди најдобри можности за осигурување на сите постоечки и идни клиенти, а се со цел соодветна осигурителна заштита.
Кроација
осигурување продолжува да се развива и да ги задоволува потребите на своите
клиенти, обезбедувајќи сигурност и доверба во секој момент.
Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација осигурување е тука за вас!
Можеби ќе ве интересира
Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

Традицијата продолжува - на Vivax Cool Day 2025, ПАКОМ ги претстави последните технолошки иновации

Samsung MicroLED TV: Врвно луксузно забавно искуство во домот

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ ЗЛАТЕН ДАБ АМБЕР – ПРЕМИУМ ЛАГЕР ПИВО СО 100 ОТСТО ЈАЧМЕНОВ СЛАД

Посно и хранливо – Имлек Оаза напитоци од бадем и овес

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари
