„Кромберг и Шуберт“ во Битола работи со минимален капацитет, повеќето работници пуштени дома
Објавено во: Економија 18 Март, 2020 10:12
Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во
наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата
ситуација со корона вирусот. Поголемиот дел од работниците се пуштени дома и
тие во моментов ги користат преостанатите денови од одморот.
Им било кажано дека така најверојатно ќе биде во текот на овој и следниот месец. Дополнително, од управата ќе бидат известени како и колку ќе бидат исплатени додека се принудно дома. Неофицијално, се преговара со Владата вонредно таа да им исплаќа 70 отсто од платите на работниците додека се стабилизира состојбата.
Во моментов во „Кромберг и Шуберт“ се работи на три проекти кои се погодени од рестриктивната политика на големите автомобилски произведувачи, а најзасегнат е оној кој работи со „Дајмлер“. Побарувачката од капацитетот во Битола од европските центри е сведена на минимум и се очекува во наредниот период ситуацијата да биде уште потешка.
- Во моментов се работи само со одреден број на луѓе, повеќе не можеме да ви кажеме во моментов, рекоа од одделението за човечки ресурси на прашањето на „Фактор“ колкумина работници се испратени дома.
„Дајмлер“, матична компанија на луксузниот бренд „мерцедес-бенц“, го затвора „мнозинството“ од своето производство во Европа. Со тоа, Дајмлер станува последниот производител на автомобили што ги прекина работењето во Европа.
Форд веќе ги затвора своите главни производствени капацитети во Европа, а Фолксваген планира да го запре производството во сите свои фабрики во Европа во наредните недели, вклучувајќи ги и фабриките Ламборџини и Дукати. Речиси целата автомобилска индустрија во Европа се затвора, а превентивни мерки донесоа и Фиат, Рено и Пежо.
А.К.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




