КРСТАРЕЊАТА ПОЕВТИНИ ОД ХОТЕЛИТЕ: Додека авионските билети енормно поскапуваат, пловидбата по морињата се поатрактивна
Објавено во: Економија 12 Јули, 2022 11:38
Во туризмот, сè, од хотели до авионски билети е поскапо
онлајн, но во една индустрија цените паѓаат.
Вистина е дека моментално гледаме апокалиптични сцени на европските аеродроми, но тоа се случува поради зголемената побарувачка и ослабената работна сила: затоа, секако има интерес.
Меѓутоа, цените паѓаат во еден туристички сектѕор, а тоа се крстарењата. Според WSJ, има речиси 2.000 такви зделки кои чинат помалку од 100 долари дневно до крајот на годината, вклучително и 53 пловидби кои чинат помалку од 50 долари дневно.
Информациите се достапни на веб-страницата на Cruise Sheet, која прибира евтини билети за крстарење. Цените вклучуваат даноци и пристанишни давачки. Во меѓувреме, според најновите податоци на аналитичката компанија STR, просечната дневна цена за хотелска соба се зголеми за речиси 20% во споредба со нивоата во 2019 година,
Само во периодот меѓу април и мај цените на авионските билети се зголемиле за речиси 13 отсто, соопшти американското Министерство за труд.
Резервирањето на одмор на море овие денови е поевтино од повеќе причини, пишува WSJ. Минатата година ова време, линиите за крстарење пловеа со многу малку бродови, бидејќи тие се вратија на работа од американските пристаништа за прв пат откако пандемијата „Ковид-19“ ја доведе индустријата во застој. Денес, активни се повеќе линии за крстарење - обезбедувајќи им на патниците многу поширок опсег на понуди.
Патувањата по Карибите остануваат меѓу најприфатливите, особено за оние кои патуваат во оф-сезона, т.е. во септември. Почетокот на учебната година и вознемиреноста околу сезоната на урагани имаат тенденција да предизвикаат намалување на побарувачката во тоа време.
Некои од најзначајните зделки може да се најдат на типично скапи маршрути, како што се крстарењата околу Алјаска или Медитеранот. Внатрешните кабини (најмалите соби на брод за крстарење) на крстарење по Медитеранот за седум ноќи чинат во просек 728 долари по лице во јули. Во истиот период во 2021 година таа понуда чинела над 1.000 евра.
ФОТО: EPA/Salvador SasМожеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




