КРВНА ОДМАЗДА КАЈ ТРАВНИК: Човек убил маж кој пред десет години му го убил синот
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2024 20:58
Човек во Босна убил маж кој пред десет години му го убил синот.
Маж на возраст од 36 години е убиен вчера во Караула кај Травник во Босна и Херцеговина(БиХ). Денес, ден по убиството, Klix.ba дознава дека убиството всушност било дело на одмазда за злосторството што го потресе Травник пред речиси десет години.
Имено, според информациите со кои располага Klix.ba, осомничениот, кој синоќа беше уапсен поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство, е татко на млад човек кој беше убиен со нож во 2014 година пред семеен дом во Доњи Крчевине кај Травник.
Како што потсетува Klix.ba, Ајдин Клепиќ (20) потоа починал откако бил прободен со нож во градите од Мирнес Захировиќ, додека неговиот татко Недим Клепиќ се здобил со полесни повреди.
Судскиот епилог на тој случај, пишува Klix.ba, предизвика бурни реакции во јавноста, со оглед на тоа што Захировиќ ја призна вината и доби казна од само три и пол години затвор. По изрекувањето на правосилната пресуда тој беше ослободен, што семејството Клепиќ го нарече „срамна одлука“.
Според извори блиски до истрагата, таткото никогаш не успеал да ја преболи загубата на синот или фактот дека насилникот добил лесна казна. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон, тој синоќа употребил автоматска пушка против 36-годишен маж, кој од здобиените повреди починал на лице место.
По извршеното кривично дело, пријавениот побегнал во непознат правец, но со брза реакција на полицијата бил лоциран и приведен“, се вели во официјалното соопштение на МУП СБК.
Семејството Клепиќ претходно нагласи дека пресудата не донесе правда и мир, а во неколку наврати се обидоа да поднесат претставки за работата на судот и обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




