КУБАНЦИТЕ ЈА НАМАЛИЈА СМРТНОСТА: Два нивни лека се борат против вирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Два кубански лека ја намалиле смртноста од Kовид - 19.
Властите објавија дека користењето на два лека развиени од кубанските компании за биотехнологија, помогнале за значително намалување на смртноста.
Здравствените власти соопштија дека само два смртни случаи поврзани со ковид-19 се регистрирани во изминатите девет дена, пренесе Ројтерс.
Владата во Куба која, според Ројтерс, очекува дека ќе го зголеми извозот на кубански лекови, рекламира разни кубански лекови кои помагаат да се спречат воспалителни инфективни процеси поврзани со корона.
Кубанските здравствени власти, пак, велат дека експерименталната употреба ја намалила смртноста на 4,2 проценти, наспроти 5,9 проценти во регионот и 6,6 проценти на глобално ниво.
Едниот лек е „итолизумаб“ – моноклонално антитело што се произведува во Куба и во неколку други земји, додека другиот лек е еден вид пептид развиен и првично тестиран од кубанската индустрија за биотехнологија при третман на втората фаза на ревматоиден артритис, пренесува Ројтерс.
Куба, со околу 11 милиони жители, има 1.916 случаи и 81 починати од почетокот на пандемијата.
Вирусот се прошири и во Латинска Америка, но не ја одмина ниту Африка.Во Бразил вирусот „коси“.
Во оваа земја има повеќе од 20.000 починати од коронавирусот.
Истражувања направени во последниве месеци, покажале слаба поврзаност помеѓу климата и коронавирусот.Верувањето дека колку е повлажно и потопло толку е помала веројатноста за ширење, се покажало како неточно.
Станува збор за прелиминарни податоци, односно, поврзаноста помеѓу климата и Ковид-19 сѐ уште е непозната.
Истражувањата од Универзитетот Принстон, објавени во магазинот Science, ја исклучуваат таа врска, но заклучуваат дека влијанието на климата врз ширењето на вирусот е скромно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.