19 Мај, 2024
0.0332

КУЌА, ЛИВАДА И ОПЕЛ МЕРИВА: Што се поседува новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Куќа со помошна просторија, ливада, едно возило, заштеда ама и кредит има во имотната состојба новиот претседател на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.

Во анкетниот лист кој Јолевски го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата во 2020 година кога беше избран за член на Советот, Јолевски пријавил дека поседува куќа со помошна просторија и двор како личен имот во Битола. Куќата вреди над два милиони. Има и ливада вредна еден милион која се наоѓа во Трн. Возилото опел мерива од 2007 година му вреди 120.000 денари. На денарската штедна книшка во Халк банка поседува 360.000, но не пишува дали се денари или евра. Исто така валутата не е наведена во сумата за износот на кредитот кој го подигнал, а кој е во вредност од 600.000.


Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична