Добивај вести на Viber
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на социјалната мрежа фејсбук објави дека култната сала Работнички ќе блесне во ново руво!
„Реконструкцијата се одвива во полн ек и според највисоки стандарди.
Го прошируваме теренот, наместо бетонски клупи поставуваме нови седишта, соблекувални, туш кабини, подно греење, кров и фасада.
Во 2025-та добиваме нова и модерна сала по 50 години! Ви се допаѓа нели?“, напиша Герасимовски во свој пост на фејсбук, објавувајќи проекции како ќе изгледа салата.