Култниот „Партизан“ по 20 години повторно работи во Карпош

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2023 13:51
Денеска официјално започна со рабопта спортската сала „Наум Наумовски - Борче” во Општина Карпош, позната како сала „Партизан“ помеѓу карпошани и скопјани, кои сега ќе може повторно да учат и да се натпреваруваат во гимнастика, кошарка, одбојка, карате, стрелаштво и друго.
Премиерот Димитар Ковачевски меѓудругото му се заблагодари на изведувачот и надзорот кои што го завршија објектот во предвидениот рок кој истекуваше на крајот на годинава.
„Благодарност и до архитектите кои го осмислија современиот изглед на салата и на сите други кои се заслужни за денешниот модерен лик на оваа сала, која од денеска ќе биде на располагање на сите љубители на спортот во Карпош и пошироко“, рече Ковалевски.
Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.
За реновирање на нејзината надворешност, но и внатрешноста, беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт.
Можеби ќе ве интересира
ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров

Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа

МВР: Пукал со гасен пиштол на главниот булевар во Чаир

Министерство за здравство: :Четири пациенти од странство пуштени на домашно лекување

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

Мицкоски: Сега не би размислувал за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Кочани

Обвинителството ја продолжува истрагата за аферата со мазутот

Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце
