26 Април, 2024
0.0347

Давид од Куманово директно од Фиџи открива како е да се живее таму

Објавено во: Стил 15 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Островот е топ туристичка дестинација која ја посетуваат милиони туристи од сите делови на светот, особено од Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Од таа причина цените на храната и пијалоците во рестораните и баровите се неколкукратно повисоки во зависност од рејтингот на локалот, во споредба со Македонија, раскажува Давид Алексовски од Куманово, финансиски менаџер- граѓанско здружение Центар за интеркултурен дијалог кој на размена бил во оваа земја.

Додава дека во однос на просечната плата постојат различни статички податоци на интернет, но она што лесно можел да воочи е голема нееднаквост во распределбата на доходот, особено помеѓу жителите на главниот град Сува и останатите делови.

Вели дека ако се спореди со Македонија има сличности, но и разлики, а младите во тамошното општество се соочуваат со повеќе предизвици.

„Младите се соочуваат со бројни предизвици од традиционално-културен карактер што го отежнува нивното учество во политичкиот живот. Религијата е многу моќен елемент во општественото и политичкото уредување. Свештениците имаат многу значајна улога и големо влијание во процесот на креирање на јавното мислење и воопшто во животната фолозофија на локалците. Инаку не забележав опседнатост со политика на островот. Примарна економска активност и извор на приходи за населението е туризмот и голем број на луѓе работат во оваа област. Животот на островот делува прилично опуштено и бавно“- вели Алексовски.

Додава дека и во Фиџи има миграција, а младите откако ќе заработат пари се враќаат назад во матичната држава.

За луѓето вели дека се исклучително гостопримливи, љубезни и услужни. Биле отворени за комуникација со странци и ги прашувале колку се задоволни од Фиџи. Со оваа особина жителите на Фиџи го потсетуваат на Македонците. 

Додава дека примарен предизвик за младите и воопшто жителите на Фиџи претставуваат географско-климатскитефеномени.  Островот директно се соочува со последиците од глобалното затоплување, што се одразува и на целокупниот животински и растителен свет на копно и и во вода. Секоја година во определена  климатска сезона се случуваат циклони и други природни непогоди кои резултираат со жртви и огромни економски штети.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти