Кумановката Кубица Спасиќ велиденските јајца ги претвора во ремек дела
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2021 12:36
Кубица Спасиќ, пензионерка од Куманово веќе 15 години велигденските јајца ги претвора во ремек дела.
Таа во текот на целата година работи, со цел за празникот да има убаво украсени велигденски јајца. Откако се пензионирала вели дека има повеќе време за да се посвети на своето хоби и креативната работа. Користи јајца од гуска, затоа што се крупни, и откако ќе ја испразни содржината од внатре, откако ќе ги исуши, ги обработува со машинка, црта мотиви на нив, работи во техника декупаж и ги лакира. По ова јајцата го добиваат финалниот изглед. Оваа работа бара талент, прецизност, трпение.

„Најчесто цртам цветни мотиви, а често добивам идеи и од она што ќе го видам на интернет. Лушпата на јајцето од гуска е дебела, и мека, и е добра за да се црта на неа, додека со јајцето од кокошка е потешко, лушпата пука. Имам слободно време и си го исполнувам со креативна работа“, раскажува Спасиќ.


Вели дека за сите овие години изработила над 1.000 вакви украсени јајца, а годишно прави стотина. Сите кои ги виделе се воодушевени. Дел од јајцата ги продава, а дел ги подарува.
„Имам редовни муштерии, жени кои секоја година купуваат по 10 или 15 јајца за да си го украсат домот, или да подарат на роднини, пријатели, на луѓето кои им се драги. Украсени со бисери и панделки навистина изгледаат многу убаво“, објаснува Спасиќ.


Лушпите од јајцата се сушат со месеци, а на едно јајце Спасиќ работи неколку денови. Она што таа го работи е уникатно. Оваа креативна жена својот работен век го поминала како негувателка во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. За тоа дали помладите се заинтересирани да го работат она што таа го работи, вели дека нејзината внука пројавува одреден интерес, но сѐ уште е мала за да може да работи со машинка и да ги украсува јајцата.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




