Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2023 08:22
Бизнисменот и партнер на Жан Митрев, Горан Кунгуловски, повеќе нема да работи на лабораториски услуги со сопственикот на приватната клиника во новоотворената ординација и својата дејност ќе ја продолжи на друго поле со Био Инженеринг.
Биоинженерот со својата компанија како управител излегува од Жан Митрев Лабс, дијагностичка биохемиска лабораторија и лабораторија за молекуларна дијагностика, во Скопје Север, а на негово место доаѓа нова партнерска фирма - Фила Фарм. Кунгуловски е и коосновач на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во самата “Жан Митрев Клиника“.
Кунгуловски вели дека ќе се пренасочи на проект за скрининг на канцер кој бара целосен фокус и дека нема време да се концентрира на класичните лабораториски услуги, но и дека ја продолжува соработката со Жан Митрев.
„Се повлекуваме од функциите коишто беа поврзани со рутинска клиничка биохемија со цел да се фокусираме на нови поинтересни и постимулативни научно-истражувачки проекти во областа на молекуларната биологија и геномика на канцер. Во овие полиња продолжуваме со забрзан интензитет да соработуваме со клиниката Жан Митрев“, ни изјави Кунгуловски.
Новата „Жан Митрев Лабс“ беше отворена минатата година во мај како модерна лабораторија со широк спектар на анализи од областа на биохемијата, молекуларната биологија, микробиологијата и трансфузиологијата.
Био Инженеринг на Кунгуловски е основана како приватна компанија во 1998 години за високотехнолошко истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија. Покрај медицината, врши услуги за произведувачи на храна и вода, вино, козметички производи, земјоделски компании, сточарски фарми, дистрибутери, угостители и друго
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




