КУПУВАМ ДОМАШНО: Повеќе продавници на листата
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2020 10:10
Министерката за финасии,
Нина Ангеловска информира дека дополнета листата на продавници каде граѓаните ќе може да плаќаат со домашната платежна картичка.
Според неа, на оваа листа сега се и продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги, за мебел, осветлување, производи за домаќинства.
„Уредбата за домашната платежна картичка беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности“, потенцира министерката Ангеловска.
На сите производи на кои е наведено „Купувам домашно“ во овие продавници, граѓаните ќе може да платат со домашната картичка.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




