КУРТИ ОД САМИТОТ: Обвинителот и судијата кои дадоа налог за вчерашната полициска акција се Срби, да не се политизира борбата против криминалот
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2021 10:06
На самитот на Западен Балкан организиран од Економист, косовскиот премиер Албин Кутри беше прашан за инцидентот кој вчера се случи во неколку косовски градови, односно дали тој како премиер презема одговорност за овој случај.
Тој кажа децидно дека станувало збор за акција за гонење на криминал и корупција.
„Српските и албанските криминалци доста добро соработуваат меѓу себе, тоа треба да се знае. Ние ќе се бориме против тој криминал по секоја цена. Треба да се се знае дека тоа беше акција за гонење криминал, како и дека судијата и обвинителот кои издадоа налог за таа акција се Срби. Исто така, полицајците кои учествуваа во акцијата, од нив голем број исто така се Срби, и меѓу повредените исто така имаше Срби“, објасни Курти.
Косовскиот премиер нагласува дека не треба да се политизира овој случај, туку дека сите држави треба да соработуваат меѓу себе во гонење на криминалот и корупцијата.
„Криминалот е многу поинтегриран од нас државите, затоа нас ни треба интеграција за да се бориме потив криминалот“, рече Курти.
Оваа изјава Кури ја даде на Самитот за Западен Балкан организиран од Економист, настан на кој групацијата Фактор е медиумски спонзор.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





