Кувајт дава милијарда долари, ќе ги плаќа долговите на своите жители
Објавено во: Стил
12 Март, 2013
Добивај вести на Viber
Кувајтски власти денеска постигнаа прелиминарен договор, според кој владата ќе мора да откупи милијарди долари долгови, направени од жителите на Кувајт, а ќе ја поништи и каматата на истите, пренесе агенцијата АФП.
„Постигнат е договор за ова прашање", изјави министерот за финансии, Мустафа ал Шаман по состанокот на Комисијата за финансии и економија на Парламентот.
„Договорот ќе биде завршена идната недела", додаде министерот за финансии, кој долго време ја одбиваше ваквата одлука.
Претседателот на комисијата Јусеф ал Залзала објасни дека владата ќе мора да ги откупи кредитите земени во банка помеѓу 1 јануари 2002 година и 30 март 2008 година.
Пратениците велат дека Кувајтските банки ги прекршиле правилата за доделување на кредити, наметнување екстремно високи камати за нив и дека централната банка не успеала да наметне почитување на законот.
Владата ќе ја поништи каматата и ќе бара пофлексибилно плаќање на овие обврски на рати, кои нема да надминат 40% од приходите на задолжените лица.
Вкупниот обем на долгот не е познат со точност, но според член на комисијата најверојатно станува збор за 900 милиони динари (3,2 милијарди долари). Се претпоставува дека околу 66 000 жители на Кувајт ќе имаат корист од оваа мерка.
Кувајт, кој тврди дека контролира 10% од нафтените резерви во светот, произведува речиси 3 милиони барели дневно. Кувајт исто така има инвестирано средства во странство од околу 400 милијарди долари, кои пораснаа последните 13 години благодарение на поскапувањето на црното злато, наведува АФП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.