19 Декември, 2025
0.0562

Кувајт ги подигна цените на дизел и керозин

Објавено во: Свет 17 Октомври, 2014 11:40

Добивај вести на Viber

Кувајт драстично ги зголеми цените на дизелот и керозинот, што се случува првпат во оваа со нафта богата држава. Кувајтската влада соопшти дека цената на дизелот по литар ќе се зголеми за 19 центи, додека на керозинот за 59 центи. Оваа одлука нема да влијае на промена на цената на водата, електричната енергија или бензинот, кој во оваа земја чини само 22 центи од американски долар за литар. Кувајт  во голема мера ги субвенционира цените на стоките за широка потрошувачка и јавните услуги. Сепак, властите најавија дека ќе ги укинат субвенциите за керозин за странските авиокомпании кои изведуваат помалку од 5.000 летови годишно од Кувајт. Заливската земја минатата година формираше посебен комитет за да ги разгледа можностите за намалување на субвенциите, кои годишно го чинат Кувајт 18 милијарди долари или 1/5 од неговиот буџет. Во април, кувајтската влада пресмета дека доколку се задржат на сегашното ниво, субвенциите би можеле да доведат до дефицит во буџетот за 2017/2018 година. Само со укинување на субвенциите за дизел горивото државата годишно може да заштеди милијарда долари. Студијата за субвенциите на цената на водата и струјата уште се во тек. Дури 94% од приходите во буџетот Кувајт ги остварува од продажба на нафта.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела