19 Декември, 2025
0.2489

КЗК ќе ги утврдува ефектите од евентуално преземање на „Макпетрол“

Објавено во: Економија 18 Август, 2016 18:54

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка за намерата на лондонската фирма која сака да го преземе „Макпетрол“ .

Како што пренесе Телма, КЗК отворила постапка откако заклучила дека влезот на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед би можел да предизвика значително нарушување на ефективната конкуренција на пазарот со нафта и нафтени деривати.

Врз основа на прелиминарното испитување комисијата утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак, конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до комисијата.

ПРЕЗЕМАЊЕ НА МАКПЕТРОЛ: Игра во која нема „невини“!

Додека македонските институции си играат криенка миженка и постојано му го одложуваат рокот на потенцијалниот инвеститор во Макпетрол, станува прилично јасно дека во оваа игра нема „невини“. Ниту Макпетролци, ниту странските инвеститотори, ниту македонските државни институции.

За менаџментот на Макпетрол е прилично јасно, фирмата работи онолку квалитетно колку што сака да се прикаже. За фирма со овие потенцијали сигурно можело подобро. Еве ги фактите.

– „Макпетрол“ 2015 година ја заврши со добивка од 212.300 евра и тоа со зголемен износ на обврските кон добавувачите и пад на залихите; -фирмата ќерка ОИЛКО 2015 година ја заврши со добивка што надмина 1 милион евра; -2015 година „Макпетрол“ го прекина постот – три години по ред да работи со загуба; -во годините кога работи со загуба и кога работи со добивка платата на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ надминува 11.000 евра месечно; – За работењето од 2013 до 2015 година Јосифовски од ОИЛКО добил дивиденда што надминува 12 милиони денари (околу 200.000 евра) – ОИЛКО е најголем акционер во „Макпетрол“, а „Макпетрол“ е најголем акционер во ОИЛКО. Андреја Јосифовски долги години го води „Макпетрол“, а поседува 15 отсто од сите акции во ОИЛКО -лани паѓал приходот од продажба на „Макпетрол“ , кој паѓа неколку години по ред; – додека паѓал приходот од продажба лани во споредба со 2014 година, растела количината на продадени деривати лани во споредба со 2014 година;

Бројките зборуваат сами за себе но дали 50 милиони евра колку што нуди Балкан Петролеум се малку за фирма како Макпетрол? Фирмата поседува повеќе од 100 бензински пумпи, тука е и имотот на ОИЛКО, потоа националниот гасоводен систем, една национална телевизија, складишта за деривати и многу знаење во нафтениот бизнис акумулирано во стручни лица во таа компанија кои најдобро го познаваат македонскиот пазар, а пенетрираат и на косовскиот нафтен пазар.

Во целата оваа игра како да станува збор за „лов во матно“ во време кога Макпетрол дојде во немилост на државата, откако лани врвното раководство заработи кривични пријави. Таа работа оттогаш наваму стивна, а во меѓувреме дојде на дневен ред оваа зделка. Моментумот за преземањето со бизнисмени кои имаат недокажано бизнис стебло и чудна оф шор поврзаност е индикативен.

Како што е индикативен и молкот на институциите. Очигледно целата оваа операција ќе биде актуелна и на есен.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка