20 Декември, 2025
0.0412

Лагард ги објави ризиците за светската економија

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2016 13:42

Добивај вести на Viber

Подемот на глобалната економија продолжува, и покрај зголемениот ризик, изјави директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, говорејќи за време на конференцијата на Институтот за меѓународни финансии (IIF) во рамките на средбата на шефовите на финансиските сектори на земјите од Г-20.

Меѓу главните закани за светската економија Лагард ги најави геополитичките ризици, одливот на капитал од одредени пазари, како и падот на цените на суровините.

„Во моментов, ние веруваме дека веројатноста за материјализирање на овие ризици е зголемена благо, но економијата продолжува да расте“- рече Лагард, пренесува “Bloomberg“.

Според Лагард, кинеската економија се наоѓа во период на промена во балансот на растот на БДП во корист на услужниот сектор и потрошувачката, и ММФ препорачува и на Кина да си постави цел за економски раст на ниво 6-6.5%.

Кинеските власти претходно овој месец открија стандарди за пораст на БДП за 2016 година на ниво 6.5-7%, што е под целта од 7% за 2015 година.

Лагард истакна дека ефикасноста на мерките на монетарната политика на централните банки во светот, вклучувајќи ги и најиновативните мерки е намалена.

Претходно оваа недела, ММФ ги повика земјите од Г-20 да преземат итни мерки за помагање на светската економија и намалување на ризиците, а се забележува влошување на економските перспективи во светот. Особено, ММФ смета дека е потребно да се натрупа фискален стимул и структурни реформи.

Според Лагард, пазарите на брзорастечките земји се соочуваат со различни видови на проблеми. Голем број држави, кои се зависни од стоките, се обратиле за помош кон Фондот.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба