19 Декември, 2025
0.0488

Лагард останува сведок во случајот Бернард Тапи

Објавено во: Свет 25 Мај, 2013 12:46

Добивај вести на Viber

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард доби статус на "набљудуван" сведок во случајот против магнатот Бернард Тапи, соопштија светските агенции. Според француското законодавство против "набљудуваните" сведоци нема покренато обвиненија, но врската со кривичното дело не се исклучува. Во петокот Лагард се појави пред судот за да ја оправда одлуката како министер за финансии на Франција да побара арбитражен суд за решавање на спорот со бизнисменот Бернар Тапи во 2007 година, кога  дојде до продажба на познатата спортска марка Adidas. За продажбата беше создаден конзорциум, управуван од банката „Credit Lyonnais“. По трансакцијата Тапи ја обвини банката за малверзации и побара обештетување. Арбитражниот суд пресуди државата да му плати на Тапи солидна отштета од 285 милиони евра, која со камата достигна до 400 милиони евра. Лагард изјави дека не е изненадена од одлуката на судот и додаде дека секогаш дејствувала во интерес на државата и според законите. „Статусот на набљудуван сведок не е изненадување за мене, бидејќи секогаш сум дејствувала во интерес на државата и во согласност со законот. Сега можам да се вратам во Вашингтон и да продолжам работата за ММФ ", изјави Лагард.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт