19 Мај, 2024
0.0403

ЛАНИ 287 МИЛИОНИ: Колку евра ќе потрошат странските туристи годинава?

Објавено во: Економија 10 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Девизниот прилив од странските туристи лани достигна 287 милиони евра и е поголем за 34 милиони евра во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците за платниот биланс на Народната банка на Македонија. Од друга страна, македонските туристи во 2017 година потрошиле 183 милиони евра на патувања во странство. Според овие бројки, лани во туристичкиот сектор во земјава се свртени 470 милиони евра, при што е остварена заработка од 104 милиони евра.

Охрабрувачки за туристичкиот сектор е што од година во година расте износот на парите што странците ги оставаат при посетата на нашите туристички центри. Така, минатогодишниот прилив на девизи во туризмот е за 49 милиони евра поголем во споредба со 2015 година, а дури 65 милиони евра отколку во 2014 година. Се очекува овој тренд да продолжи и оваа година, а статистичките податоци за првите два месеца покажуваат дека оваа година ќе биде подобра од минатата според бројот на туристи, особено во делот на посетите на странските туристи.

Во периодот јануари - февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3 отсто, а кај странските има зголемување за 17,4 отсто. Раст има и во бројот на ноќевања (17,2 отсто), при што зголемувањето кај домашните туристи изнесува 17 отсто, а кај странските 17,4 отсто.

По месеци, најголем девизен прилив од странските туристи е остварен во јули и во август, 34,2 милиони евра, односно 51,7 милиони евра. Големиот скок на приходи во август во најголем дел се должи на одржаното финале на Супер купот на УЕФА во Скопје, кое во главниот град привлече неколку десетици илјади љубители на Реал и на Манчестер јунајтед од целиот свет. Ударни месеци за туристичките работници се јуни и септември, кога странците оставиле 22,3 милиони евра и 29,3 милиони евра. Во другите месеци, приходите на туристичкиот сектор од странски гости се движат од 10 до 15 милиони евра.

Статистиката покажува дека лани во земјава престојувале 630.594 странски туристи и нивниот број во споредба со 2016 година е зголемен за 23,5 отсто.

Гостите од Турција, Србија, Бугарија и од Грција традиционално се најмногубројни во Македонија. Лани во земјава престојувале 129.708 туристи од Турција, 53.121 од Србија, 45.958 од Бугарија и 44.931 од Грција. Но, статистиката покажува дека во текот на летната сезона, расте бројот на гости од други држави покрај редовните посетители од овие соседни земји. Така, поради субвенциите за тур- операторите и новоотворените директни авиолинии за Охрид лани е забележана посета на 26.889 гости од Холандија, 22.281 од Полска, 23.544 германски гости и 11.396 туристи од Велика Британија. Во земјава престојуваа и 7.967 туристи од Израел, 7.499 Белгијанци, 15.044 Романци и 8.557 Швеѓани, а не е за занемарување и бројката од 9.435 туристи од Кина, 4.415 од Република Кореја и 3.573 од Јапонија.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија