03 Мај, 2024
0.0265

Лани нѐ посетиле 14.000 кинески туристи, амбасадорот Џанг Ѕуо најави укинување на визите

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Економската и трговската соработка меѓу двете наши земји континуирано се проширува, нагласи на денешната средба со медиумите кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на која беа претставени активностите на Амбасадата за 2020 година. Тој не кажа конкретно какви инвестиции планира неговата земја кај нас во наредниот период, но потсети дека со кредити од Кина со ниска камата бил официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип, но и дека бил завршен најтешкиот дел од тунелот на автопатот Кичево-Охрид. 
„Минатата година бројот на кинески туристи кои ја посетиле Северна Македонија достигна 14.000 луѓе. Трговскиот обем меѓу двете наши земји достигна околу 650 милиони американски долари, и со ова Кина останува најголем трговски партнер на Северна Македонија надвор од Европа“, појасни кинескиот амбасадор. 
Според него 2020 е важна година за Кина да ја продлабочи прагматската соработка со Република Северна Македонија. Се надева дека двете страни ќе продолжат да ја продлабочуваат политичката меѓусебна доверба. 
„Двете страни ќе ја прошират билатералната соработка во областите на трговијата, инвестицијата, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата, културата и туризмот, како и во областа на образованието, науката, технологијата и традиционалната медицина“, рече Џанг Ѕуо. 
Тој, меѓу другото, ги истакна и најголемите предизвици со кои минатата година се соочила неговата земја која токму во 2019 свечено прослави 70 години од основањето на Народна Република Кина. Се наврати и на финансиската помош од 45 милиони евра која ја обезбедила Кина за нашата држава од воспоставувањето на дипломатските односи до денес. 
На новинарско прашање како ги оценува случувањата во Иран, амбасадорот нагласи дека дека Кина отсекогаш била против употреба на сила во решавање на меѓународните конфликти. 
На крајот присутните новинари ги потсети на големиот настан во Филхармонија, прославувањето на Кинеската Нова година и упати отворена покана до присутните да го поддржат и овој значаен настан од областа на културата.
Ѓ.С.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите