19 Декември, 2025
0.1668

Латвиецот Андрис Вилкс-најдобар министер за финансии во Европа

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2013 10:13

Добивај вести на Viber

Латвиски министер за финансии Андрис Вилкс е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година според британското списание „Banker“, пренесоа европските медиуми. Изданието, што е дел од „Financial Times, ја оценува многу позитивно работата на Вилкс за стабилизирање на финансиската состојба на Летонија и за помош во развојот на земјата. „Голема чест е да бидеш прогласен за најдобар министер за финансии во цела Европа, бидејќи оваа награда се одразува не само на работата на Министерството за финансии, но и на другите министерства кои помогнаа за надминување на кризата. Имаме заедничка цел која треба да постигнеме. Со заеднички сили и акции, како и со голема самодоверба успеавме да ги надминеме тешкотиите и стимулираме економскиот раст. Оваа година пред нас има нови предизвици, вклучувајќи го и пристапувањето во еврозоната. Поради оваа причина заедничката работа ќе има уште поголемо значење ", изјави Вилкс. Списанието наведува дека Летонија е меѓу земјите најтешко погодени од економската криза. Минатата година, таа стана најбрзо растечка држава во Европската унија. Патот на Летонија кон тоа достигнување не бил лесен, но постигнатиот резултат воспостави довербата на земјата во сопствените капацитети, со што се овозможи и успешното издавање обврзници на меѓународните пазари, наведува весникот. Експертите на британската списание секоја година ги бираат најдобрите финансиски министри во светот. За надминување на економската криза Рига планираше да добие од меѓународните финансиски организации кредит од 7.5 милијарди евра. По консултации со експерти на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во крајот на 2008 година беше усвоена програма за стабилизација на економијата. Уште во 2011 година состојбата во земјата почна да се стабилизира и наместо планираните 7.5 милијарди евра од кредитот беа искористени само 4.4 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?