20 Декември, 2025
0.0595

Лавров: Западот не крие која е целта на санкциите

Објавено во: Свет 25 Декември, 2014 11:46

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакнал дека Западот воопшто не крие оти целта на санкциите е рушење на економијата на Русија. „Јавно се зборува дека целта на санкциите е да се нанесе непоправлива штета на руската економија, народот да почиствува колку тешко е да се живее под овој режим“, рекол Лавров во интервју за весникот „Комерсант“. Тој особено нагласил дека „поводот за зајакнување на овој притисок е многу валкан“ и потсетил дека во јули секторските санкции биле воведени „поради бранот хистерии дигнати по падот на малезискиот боинг“, пренесува „Тасс“. „ Воопшто не е чесно и е многу валкано да се користи трагедија за постигнување на геополитички цели“, рекол Лавров. Тој, исто така, укажал дека голем број европски земји биле многу воздржани дури и кон првиот бран санкции, додавајќи дека „повеќе за никого не е тајна дека всушност Американците ја натераа цела Европска унија да се потчини на нивните барања, за што отворено и без никакво прикривање говорел и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, пред неколку месеци на еден американски универзитет“. Лавров истовремено предупредил и дека Русија ќе ги преземе сите правни мерки доколку нивните партнери ги кршат своите меѓународни обврски. „Одлучно ќе настојуваме да не се кршат меѓународните обврски од страна на нашите партнери, а тие веќе почнаа да  ги кршат... Доколку е потребно ќе преземеме и соодветни правни мерки“, додал Лавров. Шефот на руската дипломатија предупредил и дека обидите да се делува заобиколувајќи ја Повелбата на ОН и наметнувањето свои ставови претставува многу сериозна закана за светскиот поредок.    

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја