05 Декември, 2025
0.0251

Лазаров е новиот селектор на македонската репрезентација: Деталите ги соопшти Мукаетов

Објавено во: Спорт 13 Февруари, 2021 12:56

Добивај вести на Viber

Кирил Лазаров, моментниот капитен на македонската ракометна репрезентација ќе биде нов селектор, потврди првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

„Денес ја имам посебната чест и привилегија, сакам да кажам една вест што е многу важна за понатамошниот развој на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на Управниот одбор на РФМ донесовме одлука за нов селектор на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на Македонија, Кирил Лазаров. Се договоривме со Кире тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилегија да ви ја соопштам оваа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет, рече Мукаетов.

Лазаров доаѓа на местото на Данило Брестовац, чиј договор беше спогодбено раскинат по крајот на Светското првенство во Египет минатиот месец.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: